Ќе бидам подолг од вообичаеното, зошто алармантноста на состојбата тоа го налага.

Изминатиов период криминалниот октопод кој управува со власта ја фрла Македонија на колена.

Македонските граѓани, сите ние ја имаме судбината да ја живееме онаа фраза која важеше за некои држави на Балканот од минатото, „секоја држава има своја мафија, само нашата очигледно си има своја држава“.

И тука случајот „Рекет“ не е причината за тоа, тоа е само последицата. Причините се многу подлабоки и тие одат до врвот на власта. Разголената власт покажува дека не е само во прашање неспособноста на премиерот или неспособноста на владата, туку дека немаме систем. Тој е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што системот не функционира, имаме згазени закони и имаме згазено обвинителство кое што исто така не функционира. Имаме конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал.

Со голема внимателност и загриженост го следев развојот на настаните и веќе е сосема сигурно дека од оваа власт, институциите, премиерот Зоран Заев не може да се очекува разврска на овој криминал затоа што истите  тие се силно инкриминарани од истиот, тие се инфицирани од криминалот кој ни се покажа како на тацна.

Можам да донесам неколку заклучоци и тоа:

Силата на осомничените за делото за кое се товарат во случајот „Рекет“, доаѓа од власта на Зоран Заев и неговите луѓе. Тука е Катица Јанева која и денес го води компромитираното СЈО, а треба дополнително да се испита и улогата на сите останати обвинители – помошници во целиот случај на изнуда како и можноста за постоење на други вакви слични случаи. Во овој октопод се и Фрики, Кики, Шеки, Зоки, Поки и останатите кои што упорно остануваат недопрени.

Иако Катица Јанева тврдеше цитирам „ниту свесно, ниту несвесно имам било каква конотација со случајот Рекет“, се покажа дека не ја говорела вистината. Односно нејзините зборови кои можеа да се чујат од снимката цитирам „Немој да се грижиш, се ќе биде ОК“, упатени на жртвата на која вршеле рекет покажува силно замешателство на СЈО и нејзиниот прв човек во овој криминал.

Факт број три, ќе потсетам на мислењето на Заев за Катица. Тој тврдеше дека верува, дека верува во нејзините способности, во нејзината личност и дека е човек со капацитет. Потоа Јанева сака со закон да ја унапреди во Републички обвинител, а другите обвинители – помошници на Јанева исто така со истиот закон ги предлага и сеуште опстојува на тој предлог да се дел од новото обвинителството со кое истиот овој човек Зоран Заев предложи да управува Русковска. Воедно предлага и префрлање во тој сектор на целокупната администрација, соработници и истражители итн. кои сега работат во СЈО, а кој знаеме дека се изврзани роднински и преставуваат школски пример за непотизам, директно или индиректно со Катица Јанева и останатите обвинители – помошници на Катица Јанева. Ќе повторам со закон истите сака да ги префрли во новото обвинителство без да има јасна недвосмислена, јавна постапка и секој оној кој што се чувствува подготвен да може да конкурира за истите тие позиции.

Сомнежот е дека криминалот во „Рекет“ од вакви размери не е можен без поддршка на Зоран Заев.

Сомнежите се дека Заев го штити овој криминал, а тоа го темелам на следново:

Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Но во овој момент тоа отсуствува. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.

Второ Зоран Заев  е свесен дека меѓународниот сојуз на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.

Трето, од почетокот тврдев и се уште тврдам, Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си. Некои велат Катица е следната, јас тоа го пишував во едно мое фејсбук обраќање до сега но тоа во овој момент за граѓаните во Република Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода.

Некои велат дека немало тука да застане, дека не била Катица крајот на оваа борба против организираниот криминал туку ќе продолжела па ќе ги опфатела Кики и Фрики, прашањето било па можеби и Шеки била загрозена и така натаму. Но, никако да дојдеме до главниот а тоа е токму оној главниот кој што го осмислил и оној за кој што постои основано сомнение дека го аминувал целиот овој криминал.

Четврто, сега е јасно зошто е предлогот на Заев за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби. Е таков компромис со правдата што ќе произведе неправда нема да помине.

Оттука господинот Зоран Заев е должен да одговори на неколку прашања:

Какви докази крие семејството на еден од осомничените, а кој говорат во некои од медиумите од соседството за криминал на власта и Зоран Заев?

Кој се е вклучен во таа белградска врска на мешетари собрани и платени со македонски државни пари?

Каде завршува куфер политиката и кои се луѓето што на крајот од денот се офајдиле со сумите кои што се резултат на куфер политиката

На што се должи заладувањето на реториката кон Катица Јанева и Бојан Јовановски со кого чести средби имал и Зоран Заев?

На што тоа се мисли кога еден од осомничените ќе каже дека Зоран Заев е информиран за се?

На ова не верувам дека Зоран Заев директно ќе одговори исто како што не одговори и на моите директни прашања кои ги поставив на една прес конференција на почетокот на овој скандал, затоа што рибата мириса од главата.

Дозволете и збор два за одбраната на премиерот и некои медиумски трубадури на власта кои всушност директно ја загрозуваат слободата на медиумите.

Бранењето на премиерот и неговите експоненти во однос на оваа афера не само што изобилува со невистини, шпекулации и конструкции, туку е и напад и навреда врз интелигенцијата на народот.

Ќе слушнам, ќе речат случајот „Рекет“ бил наместен случај од опозицијата за рушење на правната држава, што е чисто фијаско од одбрана, приказна за мали деца во која ни тие не веруваат, а голем дел велат комичен настап, во случај кога сите го напуштаат бродот на власта која тоне.

И треба да знаат дека немаме правна држава, зошто тие ја убија и ја погребаа. А да имавме немаше Катица Јанева да биде на слобода, ќе имавме уште најмалку еден криминалец помалку на слобода,  а главата на октоподот наместо со лисици на рацете да се заканува врз новинари и забошотува скандали.

Навреда на интелигенцијата на народот е кога скапо платените со државни пари ПР советници го советувале оној кој е глава на октоподот, да излезе и да даде скандалозна изјава, со насока „шефе колку повеќе дехидрирате од критика на вашите до скорешни пријатели, a богами и пулени, толку повеќе ќе си ја отргнете вината за вашето замешателство во работите“.

Но, заборавиле дека народот не е со кратко помнење и народот ги знае сите лица и маски на Заев. Ја знае онаа кога со скрстени раце на срцето и со блага насмевка се колне во жицата, во најмилото дека немало да го промени името.

Народот ја знае и онаа маска кога Заев е преполн со верба во Европските вредности бидејки тој ќе ја донел Македонија во Европа, но народот го знае и она вистинско лице на Зоран Заев како бара мито, како пазарџиски полетно договара поткуп за Вартоломеј, и она негово сурово но искрено лице, на разгневен деспот кому сите гемии му се потонати бидејќи вистините излегуваат на виделина.

Сето ова е доказ на немоќ, кој се прикрива со деспотски атак кон слободата и замолкнување на вистината.

И тука без оглед на тоа што некои сакаат да не направат исти со Заев, само колку да му помогнат и релативизираат неговите скандали, ние не сме ни одблиску исти. И фала на Бога што е тоа така. Различни сме се и тоа многу.

И морам да кажам една искрена, но и поразителна работа, целата ова ситуација мене не ме изнедадува, човекот си е навикнат да се заканува зошто со прогон владее 3 година, со тортура и поигрување со животи и судбини.

И за голема жал рекетот не е единствениот случај за сомнеж за криминал. Нема ден, а да не добијам порака, да не чујам лично сведоштво од некој бизнисмен,од некоја друга жртва за уцена, притисок или рекет од страна на  луѓе од власта.

Но за ова во друга прилика.

И додека сето ова се случува, државата влегува во економска и политичка криза. Надвор од зградите на Илинденска број 2 и од Бихаќка владее неправда, сиромаштија и апатија. Со оваа влада секојдневието е дека: дете убива дете, дека еден од убијците на Саздо сеуште е на слобода, истото е и со убиецот на младиот фудбалер кој го загуби животот Мартин Јанушев. На слобода некаде е и убиецот на Пино Секондо. Наместо во битка со корупцијата Владата влезе во битка за бришење на шеснаесеткракото сонце, дека Гоце бил друго, а не македонец. За 3 години илјадници млади луѓе се иселуваат, ама премиерот вели дека сме блескале. Очигледно светот во кој живее Заев не е истиот во којшто живее обичниот Македонец. И еве зошто не сме во Европа и зошто нема датум за преговори за Република Македонија.

Падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи туку кога. Едноставно дојдовме до степен кога не постои ниту тронка надеж дека било што ќе се подобри. Затоа се знае, народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори. И за таквиот пад нема да помогнат ниту аберите од некои кругови на власта за да се прогледало низ прсти за некои случаи, или пак оние сведоштва првиот крадеше повеќе,  ниту пак оние обиди за инсталирање на некаква послушна опозиција. ВМРО заедно со народот и секој слободномислечки македонец ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда.

И не сакам да звучам отсутно, и ќе кажам ги слушам сите ние кои говорат ајде пожестоко, на улица, бунт против оваа власт. Голем дел од овие луѓе ја сакаат Македонија. Ги разбирам, и знам дека не им е сеедно и дека срцето им се кине исто како моето, кога во сопствената земја својата држава ја гледаат окупирана од неодговорна и неспособна власт и како им се одзема иднината која е нивно основно човеково право. Но, јас ќе им порачам ветив битка до последниот здив, и стојам на тоа. Но, истовремено ветив победа. ВМРО започна со рушење на оваа неодговорна Власта кое секогаш и не е изразено на начин на којшто дел од нашите сограѓани очекуваат. Но, не со исклучени, ниту масовни протести од тие кој што ВМРО ги организираше но и од друг тип демократски алатки кои што ќе служат како отпор против оваа неодговорна криминална, октопод, куфер влада во Република Македонија.

Воедно историјата не учи никогаш да не се избрзува со неодговорни  отпори и спротивставувања на силите кои и пркоселе и ја одземале нашата слобода. Воедно следува период кога ќе се одлучува и за Европската Иднина на Република Македонија, и ВМРО-ДПМНЕ знае дека тоа е невозможна мисија со оваа криминална октопод влада но не сака да биде никакво алиби при евентуалниот  неуспех.

Треба да знаеме дека имаме нечесна власт која пак треба да знае, Македонија не е пашалак на Заевци, а народот заробеник на нивниот криминал.  Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа ни треба, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. И одговорност, мора да има одговорност. Немам намера, немам намера повторувам  за никаков компромис со никој кој се огрешил спрема законот без оглед на кого и со кого  се работи. А тие кои злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде Македонија  да се сокријат.

Заев е на колена, и веќе нема кредибилитет оваа влада која тоне во сопствениот неуспех. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот во која што  силно верувам.

Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија.

Повелете прашања:

Прашање: Господине Мицкоски во вашиот говор поставивте прашања до премиерот Зоран Заев, меѓутоа и на вас ви поставуваат прашања во името на опозицијата гледаме дека и во јавноста веќе се шпекулира дека имате некакви средби или сте имале со еден од осомничените Зоки Кичеец па дури и се споменува и некакви си земања на пари, но дали има ли вистина во тоа и второто прашање е во однос на изборите кои што ги споменувате се погласни се информациите за некаков можен договор со СДСМ за избори во контекст на она што го спомнавте компромис за одредени криминали?

Одговор: Мислам дека во овие речиси дваесет месеци откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ своите принципи ги бранам и опстојувам на тие принципи затоа што верувам дека врз основа принципиелна политика можеме да стигнеме до крајната цел честито и чесно. И така и ќе продолжам да функционирам и во иднина. Тоа што го говорам на пресовите на јавните настапи, дека немам намера за никаква амнестија за сторен криминал без разлика од кого ќе дојде, без разлика дали бил или е од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или останатите политички партии. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи обновата на Република Македонија и ќе бори безкомпромисно против сиот криминал од минатото, но Бога ми од оваа влада. А ќе застане на потенцијалниот криминал на пат во иднина, затоа што Македонија повторно нема да има шанса, затоа ние неопходна правда и вистинска правдина во Република Македонија, почитување на законите и Уставот. Ми поставивте прашање дали и како сум се среќавал со луѓето кои што се дел од  овој мега скандал од овој Октопод, рекет кој памет речено тие самите така си го брендираа, вие знаете дека на првоосомничениот го честитав роденденот од почит спрема медиумите вклучително и таа телевизија на која што тој беше сопственик, сум се видел и со останатите кои што се дел од оваа афера. Но, она што можам да го кажам, а е и јасен одговор на вашето прашање е дека било каков доказ, било каков доказ за мое инкриминирање во насока на она бедно шпекулирање со поставување на прашање на оваа октопод влада,било каков доказ, ги охрабрувам уште денеска веднаш да го објават, доколку постои таков доказ јас сум подготвен на одговорност уште денеска веднаш. Во спротивност очекувам самите да си дадат одговор на тоа прашање и да се извинат. Јас ги разбирам дека ќе се обидат преку прашања да ми се обратат затоа што ќе сносат одговорност пред законите ако директно ми се обратат, ќе се обидат преку прашања да создадат мистика во јавноста дека еве Мицко бил замешан, дека овој бил ваму, дека овој бил тоа, тоа мене ми е јасно, ја знам таа матрица на луѓе која што тоне од ден на ден и која што се обидува со себе да ги повлече сите останати. Но за жал, во нивна жал, а за среќа на граѓаните на Република Македонија жестоко ќе бидат поразени на следните предвремени парламентарни избори и ќе треба да се соочат и да понесат одговорност за се ова што направиле изминатиов период. Што се однесува до предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период во неколку наврати побара предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ стои дека предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро, но ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе повторам знае дека за тоа да се случи се потребни 61 пратеник во Собранието кои ќе изгласаат. За жал, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ ги нема тие 61 пратеник. Затоа ги повикуваме од владејачкото мнозинство да не се кријат позади некоја си виртуелна агенда, да не се кријат позади некоја си празна и опљачкана економија, да се охрабрат да излезат на предвремени парламентарни избори час поскоро и да видиме дали навистина блескаме или блеска само кругот околу владејачкото мнозинство. А сите останати мака мачат со реалните проблеми кои што се денеска за жал секојдневие во Република Македонија, и ги допираат сите граѓани без разлика на нивната политичка или етничка припадност.

Прашање: Господине Мицкоски цело време алудирате на тоа дека Заев и власта се инволвирани во криминал и дека аферата Рекет е поврзана со највисоките структури на власта, имате ли вие докази или сознанија за такво нешто и дали имате докази и сознанија за она што вие го нарекувате белградска врска или политика?

Одговор: Не, јас затоа поставив прашање конкретно за белградската врска и повикав на пишувањата на некои соседни медиуми, ако внимателно ме слушавте и логично е да побараме одговор, затоа што јавен интерес е во прашање, бидејќи гледаме дека дел од тие луѓе кои што се дел од таа таканаречена белградска врска деновиве добија продолжување на договорот во владата како советници на првиот човек во владата. И тоа е легитимно прашање кое ние го поставуваме, можеби ќе се охрабрат од владата и ќе одговорат. Докази не се презентираат на прес конференции, докази се носат во Обвинителство. Така што ако треба за обвинителството и судството во оваа држава поголем доказ од тоа што жртвата или ајде да бидам појасен жртвите на Рекетот, притисоците и уцените, од оваа афера ги приложиле во рамките на обвинителството, а обвинителството гледаме месеци му треба да го земе телефонот на Катица Јанева да го вештачи, гледаме дека Катица Јанева си се сонча на плажите кај нашиот јужен сосед, а истовремено знаеме дека политички неистомисленици и дел од луѓе кои што се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за банални работи поради тоа што се политички неистомисленици се наоѓаат во притвор и ќе потсетам дека член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат моментално во притвор, останатите се ослободени или се наоѓаат во домашен притвор или имаат некои други мерки, само овие се наоѓаат во ефективен притвор од случај кој што беше измислен за да се врши притисок врз опозицијата, односно потврда на оној политички прогон кој што го врши Зоран Заев. Знаете како тогаш веднаш реагираше обвинителството и одма изрече мерка притвор и дури според нашите информации повторно ќе кажам не велам дека се сто проценти точни велат дека тој судија и од одмор бил повикан практично за да ја изрече таа мерка за ефективен притвор. А денеска гледаме дека сето ова си се релативизира се повикуваме на некакви си битка за борба против криминалот, па завршија одморите на едниот, па завршија одморите на другиот и таканатаму, доказите и се уништуваат, гледаме дека вчера еден од обвинителите помошници на Катица Јанева вели дека вовеле метод на претрес, јас ако сум чист ако совесно си ја вршам работата од што ќе се плашам да наредувам моите соработници да бидат претресувани. И ова за никого, буквално за никого ништо не значи. Се си е фини, хармонични сме, среќни сме, си владееме, си уживаме во привилегиите. Но проблемот е што народот од ден на ден е се поразочаран. Од ден на ден тонеме како држава и не му ниту да мислите дека нашите сојузници од Европа, но и од светот тоа не го гледаат, и дека ова нема да се одрази врз процесите кои што следат за нашата татковина, а тоа се дата за отпочнување конечно, трета година по ред сме лажени дека од Зоран Заев само што не сме, дури славевме една година дека добивме дата, па излезе дека не сме добиле. Немојте да мислите дека ова нема да остави трага. Проблемот е што ја загрозуваат иднината на генерации наши сограѓани, за да можат што повеќе да се одржат на власт и да имаат што е можно повеќе политички привилегии. Затоа ние велиме ова е несериозно, овие луѓе треба да одговараат за стореното, има јасни докази и има индиции за сторен криминал, нека постапат институциите. Гледаме дека институциите се инфериорни и индолентни, и практично само ја набљудуваат од публика целата оваа ситуација.

Прашање: Господине Мицкоски рековте дека и до Вас стигнуваат пораки за организирање бунт, но рековте и да не се избрзува со неодговорен отпор. Кажете ми размислува ли ВМРО-ДПМНЕ за протести и за блокирање на институции, директно Ве прашувам? И второ прашање ми е дали од последната прес конференција кога бевте оптимист, а „Рекет“ не беше излезен во јавноста, сега повторно сте оптимист?

Одговор: Еве ќе се обидам и на двете прашања едно по друго да одговорам, како ВМРО-ДПМНЕ како Коалиција „За подобра Македонија“ логично е дека имаме подолгорочна стратегија за политичко делување. И таа стратегија најголемиот дел од нашите сограѓани успеваат да ја препознаат, да ја видат, оддаваат поддршка, но има определена група нели која што или свесно или несвесно не успеваат да ја препознаат таа стратегија. И навистина жалам, и никого тука не можам да обвинам, но политиката е таква да не секогаш ние можеме нашите чекори однапред ги соопштуваме. Едноставно некои работи зависат и од дневната, неделната, месечната динамика. Но она што го кажав и на прес конференцијата дека падот односно слободниот пад на овој криминален октопод на власт е започнат. И тука не треба никој да има дилема. Но во многу наврати во минатото сум зборувал еве и тоа ќе биде дел како одговор на Вашето прашање политичката стратегија и битка не ја замислував брз спринт на сто метри. Нити пак некој во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нити пак од нас некој очекува брз спринт и пораз на сто метра, туку очекуваа тежок маратон. Целта на тој маратон пред година и половина, пред 20 месеци не се гледаше, но денеска јасно се гледа таа цел и тука немаме никаква дилема ниту внатре во партијата, ниту пак на средбите со нашите сограѓани. Истовремено реков дека нема да војувам со туѓи синови во извесна иднина. Туку ветив победа на крајот од овој маратон. Не сакам да ги повтори ВМРО-ДПМНЕ, како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ грешките од подалечната но и од поблиската историја. Но истовремено не сакам да се повторат определени опозициски дејствувања кои што завршија со неуспех во соседството од изминатиов период. Затоа ни е важно овој маратон да го истрчаме трпеливо и мудро, и секој оној кој што е доволно храбар, секој оној кој што сака да му пркоси и да се спротивстави на овој режим кој што притиска во Република Македонија е добредојден во нашиот маратон. Го трчаме последниот круг, целта јасно се гледа, сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, па и политичка припадност, разочарани од Зоран Заев и од СДСМ се добредојдени. Ве молам за трпение, чекор, по чекор да си ја ослободиме татковината. Реков во една прилика да ставиме на брза лента и да ја внесеме онаму каде што припаѓа, а тоа е семејството на европските народи. Тоа е нашата стратегија. Затоа внимателно и мудро. Ме прашавте дали сум оптимиста, јас секогаш сум оптимиста затоа што иднината, европската иднина е интерес на нашите сограѓани. И се што е наша моќ како ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористиме во периодот кој што следи, да помогнеме во реализација на таа цел на нашите сограѓани, а тоа е Македонија да ја видат во семејството на европските народи, во Европската Унија.

Прашање: Господнине Мицковски велите дека премиерот Зоран Заев го штити криминалот во Рекет и го подржува, дали со тоа имплицирате дека и обвинителката која го води случајот Вилма Русковска и обвинителството практично го прави истото бидејќи велите Јанева треба да е во притвор треба да е предмет на истрага и второ зошто сте се гледале со Зоки Кичеец.

Одговор: Сум се гледал со сите слободни граѓани во Република Македонија секој кој  што ми пристапил и побарал средба со мене сум се гледал со илјадници наши сограѓани, но суштината е дека тој Зоки Кичевец на Мицко на рака му дал пари ете тоа е вака суштината да бидеме јасни и транспарентни и која е интенцијата на СДСМ и на тој начин сега сакаат да го вовлечат Мицко во целата оваа рашимунијада наречена „Рекет“. Дури до мене стигнаа информации дека дел од властодршците додека овој осомничен е таму каде што е му приоѓаат со понуда за милост да даде ваков исказ. Затоа јас велам еве дајте доказ дека тоа се случило, дека јас сум посегнал по такво нешто дека се случило тоа инкриминирачко дејство, јас сум подготвен одма да понесам одговорност доброволно во истражниот затвор да се пријавам не треба Русковска не треба Реџип Агиќ сам ќе се пријавам еден доказ да дадат. Во спротивно треба да ги повлечат тие прашања, и да дадат нови прашања пошто за овие еве добија одговор.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ