Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата Топ тема на Телма телевизија посочи дека Зоран Заев треба да им одговори на граѓаните дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници.
– Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија, потенцираше Мицкоски. Тој нагласи дека можеби и ова изборно редефинирање на тие граници кое деновиве го актуелизираше Стево Пендаровски е дел од тој договор или новиот изборен модел ќе му кумува на тој процес со исцртување на нови граници или пак можеби се е шпекулација, но треба да за излезат и да одговорат.
Навистина жалам ако господинот Стево Пендаровски не бил информиран за таа средба бидејќи гледам дека влета во една партиско политичка теорија која што ја отпочна од пред некој ден или втора теза е дека го дивергираа вниманието од оној фијаско неуспех кој што им следи за неколку дена од сега, а тоа е недобивањето на датум за отпочнување на преговори, истакна Мицкоски.
За потсетување Заев велеше и дека нема да има Тиранска платформа, но сепак на крајот се донесе двојазичност во Македонија.