Гледам храбри и гледам мотивирани луѓе, луѓе кои што се подготвени да победат и да си ја вратат Македонија на правата патека, да си ја вратат Македонија на народот онаму каде што припаѓа.
Денеска, драги неготинчани добри луѓе, браќа и сестри ова што се случува во Македонија е една голема неправда. Не прашуваат зошто велите неправда. Затоа што нема друг збор со кој што може да се опише оваа реалност, ова секојдневие кое што се случува во Македонија. Се сеќавам си спомнувам практично кога овие исти луѓе се шетаа во главниот град и често фарбаа зданија кои што не ни можеа да ги искречат потоа. Велеа и се обврзуваа дека ќе дошол живот, дека ќе дошол мир, дека немало правда итн. Тоа што денеска се случува во Република Македонија е ништо повеќе отколку една голема една огромна неправда која им се случува на граѓаните на Република Македонија. Се сеќавате 2015-тата беше кога така групно во нивното седиште на воајерски начин пуштаа определени материјали и велеа, ќе споменам едно име нека му е лесна земја. Го споменуваа новинарот Никола Младенов и велеа: овој човек не загина трагично во сообраќајна несреќа, овој човек е убиен, ние имаме материјали и тие материјали ќе и ги презентираме на македонската јавност. Злоупотребуваа, крвнички злоупотребуваа човечки несреќи, за да години потоа ја видиме сопругата на тоа реномирано новинарско перо, како вели дека нејзиниот сопруг поради неприлагодена брзина, истото она што го тврдеше тогаш и полицискиот извештај. И нормално деспотот молчи го нема да излезе и да и се извини на македонската јавност затоа што ја манипулираше, а ја манипулираше само со една цел да дојде на власт, ништо повеќе, за повеќе привилегии, за повеќе моќ.
Се сеќавате на трагично загинатиот Мартин Нешковски, премиер стана на тој случај, а денеска се обложувам, убеден сум, дека не знае како семејството Нешковски први до први скрпува да преживее. А да не споменувам за неправдата кон Јанушев Мартин, кон малиот Саздо, кои ги изгубија своите е животи нападнати од насилници кои денеска слободно шетаат по улиците. Патриоти, луѓе кои што погрешиле само затоа што си ја сакале сопствената држава, денеска се затворени со казна затвор со повеќе од два века. А истовремено терористи кои што се повратници од боиштата од Сирија добиваат казна од 6 години, три пати помала од нашите браќа патриоти, зашто, само затоа што згрешиле бидејќи си ја сакале сопствената држава. Тоа е нивната казна минимум два века. Мојот помал син Антонио има 3 години, ќе има 9 кога претпоставувам очи во очи ќе се сретне со некои од овие од ИСИС кои штотуку ја добиле својата казна, а ќе треба да чека уште 12 години да чекаме да ги видиме нашите браќа кои добија казна минимум 15 години а имаат 18. Е нема да има правда и нема да има мир се додека оваа неправда не ја поправиме, а ќе ја поправиме само доколку ги освоиме институциите, а тој поход браќа и сестри допра започнува со победа на 21 април, потврда на таа победа на 5 мај, а потоа организирање на предвремени парламентарни избори каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”, коалицијата со народот во Македонија ќе им покаже каде е нивното вистинско место, на темната страна на историјата. Затоа ни треба вашата поддршка. Ве молам за поддршка. Затоа што како никогаш досега на нас на Македонија и е неопходна поддршка од граѓаните да си ја вратиме назад киднапираната држава полна со неправди.
Ветуваа за земјоделците загарантиран откуп, ветуваа дека плодот нема да остане необран на нивите. Вчера бев во Ресен ми сведочеа луѓето како со пила ги сечат дрвата необрани со родот, а родот требало да ги гледа нивните семејства. Зошто? Затоа што еден килограм јаболка е еден денар. Истото е во Пелагонија, необрана житото седи распослано сонце да го грее. Исто беше така и во Малешево и во Пијанец, се истураа сливите. Истото беше и во Росоман каде се истураа праските. Истото беше и во струмичко Босилово, Ново Село, Василево, кога се истураа ранограднарските производи. Никаде го нема ветувањето за загарантиран откуп. Никаде ги нема субвенциите. А исто е и овде во Тиквешијата и во Неготино. Доаѓаше оној министер кој ужива да шопингува во Дубаи и тоа не го крие. Да ветува дека ќе го реши проблемот на лозарите овдека во Тиквешијата. Каде е сега да излезе и тоа ветување да го спроведе сега е фино залегнат во фортељата и од време на време посетува скапи дестинации од каде си купувал по некое скапо парче. Замислете патики од Дубаи додека земјоделците го истураат родот на буниште и мака мачат како да ги преранат своите семејства од први до први. Е тоа е неправда кога ќе ве прашаат што е неправда.
Лекарите ја напуштаат Македонија ветуваа овде во Неготино дека ќе ја реновираат болницата, дека ќе го реновираат генеколошкото одделение. Па они се подготвуваат да ја затворат видете оној тендер министер што кажува. Планирале да ги затвараат болниците луѓе да умираат на улица зошто? За да им врви бизнисот ама затоа за да направат фирми на еден недела пред да се случи тендерот и замислете таа фирма да даде најдобра понуда за тоа нема проблем за тоа се први и за тоа немаат никаков проблем е нема така да биде.
Овој народ најпрвин на 21 април ќе ви покаже што значи гневот на народот потоа истото тоа ќе го потврди на 5 мај. Ќе ја отвориме портата за оној крај на Зоран Заев и СДСМ на предвремените парламентарни избори. И тогаш за сиот криминал за сета плачка ќе одговараат по законите. Од прв до последен. Но за тоа што и го направија на Македонија за сето понижување и омаловажување за сите неправди кои што ги донесоа е за тоа посебно ќе се пресметаме. См бил дел од првата гардиска чета при гардискиот батаљон на АРМ. И се сеќавам на многу државници што ги пречекав и испратив од скопскиот аеродром. Исто така многу пати го пречекав и испратив тогашниот претседател на државата истото го правеа генерациите по мене и пред мене тоа беше 2002-2003 година. Вчера за прв пат дојде државник и никаде ја немаше построено македонската гарда го немаше воениот оркестар да ја интонира македонската химна за прв пат некој државник заедно со оној деспот премиер Зоран Заев не се поклонија пред македонската химна. Кое беше оправдувањето? Вели задоцнил авионот па зарем еден од трите најважни атрибути за да една држава е држава вреди колку едно доцнење на авионот па макар тоа и да било вистина.
Не е тоа добри луѓе браќа и сестри вистина вистината е поинаква знаат дека химната започнува со Денес над Македонија се раѓа и знаат дека во химната Македонците се борат за правдини, а ние се бориме за правда и се срамат од тоа. Па чуму тие таков пријател ако не те почитува тоа што си? Не направија како во резерват овдека во 25.000 квадратни километри и тој барем во овие 25.000 квадратни километри каде што треба да се гордее да вика да пее и да игра на македонска песна и на македонски ора, се срами да ја пушти македонската химна. Но тука дојде кандидатот за претседател избран во знаете каква процедура, демократска во еден скап елитен хотел во центарот на градот во Скопје, како во мафијашките филмови поредени во круг ќе го дообјасни ќе рече ќе ја интонираме македонската химна ама во инструментална верзија без текст замислете човекот кој што го бара гласот од народот од граѓаните на Република Македонија од македонскиот народ од македонската нација од останатите етникуми без разлика на нивната вера, дали се албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци без разлика, тоа се честити луѓе родени во оваа земја луѓе кои што се школувале и создале семејство и си ја сакаат тие луѓе ќе шетаа и ќе го бараат башиот глас а се срамат да кажат дека Денес над Македонија се раѓа и дека Македонците се борат за своите правдини. Ајде масовно и грoмогласно на 21 април да им кажеме каде им е местото на темната страна на историјата.
Ајде да го најавиме падот на СДСМ и Заев на 21 април.
Ќе речат они биле државници, не им бил рејтингот под прашање и затоа ги направиле овие храбри чекори. Не, повторно лажете не ја говорите вистината. Ова го направивте затоа што си ги продадовте лицата, си ја продадовте душата, го изгубивте достоинството, не ви се оди во затвор и сакате многу црни пари, пусти пари, тоа е прашањето браќа и сестри. Ниту имаат државнички капацитет, ниту имаат државничка мудрост, само за пусти пари се работи, да врват тендерите на семејството, ништо друго не ги интересира. А процентот се знае од 5 до 15 проценти исплатен во еден ресторан недалеку овде од Неготино во Југоисточна Македонија, за тоа се работи, какви државнички потези, какви бакрачи. Тоа е суштината.
Беше први април, кога ние мислевме дека се шегуваат дека е ова априлилили, но не било, вистина било, тоа што сте го гледале и тоа што сте го слушале за Мирчо свињарникот, за еврото на Вице, за еврото на цркавата, не сте го гледале и не сте го слушале, тоа не се случило. Е така господине Заев во Европа не се оди. Во Европа бараат честити луѓе, луѓе кои не се аболирани за сторен криминал, луѓе кои што не договараат тендери во четири очи, луѓе кои не се срамуваат од сопствената нација, луѓе кои си ја сакаат и работат за државата, Луѓе кои што си држат за зборот, луѓе кои што кога ќе се обврзат и ветат, тоа и го исполнуваат. Вакви како вас завршуваат на темната страна на политичката историја. А, јас ви ветувам нема да имате мирна политичка пензија , од прв до последен за сиот сторен криминал ќе одговарате.
Каде е во Неготино енергетско производствениот комбинат, за волја на вистината прв пат сум слушнал иако сум професор по тоа ? Каде е во програмата за живот имаше ТЕЦ Неготино ќе го направеле земјоделско енергетски комбинат? Единствено нешто што направија е стотина илјади денари плата за директорите таму. Каде се тие ветувања до кога со тие шарени лаги господине Заев ?
Па ќе рече бесрамно ќе рече замислете човекот кој што сака да биде претседател, нема да биде ни милиметар џентлмен, ни достоинствен па ќе рече на државата не и требало мајка, туку татко на нацијата. Вчера не знам дали го слушнавте, а заборава истиот тој човек а кампањата целосно ја украде од две жени, од Тереза Меј и Хилари Клинтот, тој е третата претседателка со иста кампања.
Затоа добри луѓе, браќа и сестри денеска пред вас стојам, ве гледам во очи и ве замолувам за поддршка, за поддршка за жената која што со сиот свој интегритет, сета своја биографија и дело од минатото, сето она што го има напраено за минатите генерации, но и она што ќе го направи за идните генерации. За целата онаа додадена научна вредност на правниот факултет, но и идната додадена вредност на за татковината.
Ве молам да застанеме и да ја рашириме нашата приказна за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова. Да ја пренесеме приказната за нашата инспирација, за жената што секогаш кога било неопходно, секогаш била на страната на патриотизмот и зачувување на националните интереси. Така беше и за референдумот во 2004тата, така е и сега кога Македонија се парчосуваше и крчмеше. Гласот за Гордана е глас за честита, достоинствена, горда и праведна Македонија. Затоа немојте да се двоумите, ајде сите заедно да се обединиме, сплотиме еден до друг и да го размениме тоа што денеска го говориме.
Иден претседател на Македонија ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова.
Сосема на крај ќе поминат многу години од сега и повторно ќе застанеме на овој плоштад без разлика во кое својство. Ќе си го поставиме она прашање што секој си го поставува. Што можев јас да направам за нејзе кога најмногу и требаше, за Македонија? Јас знам, знам и за секој еден од вас кој ќе биде одговорот бидејќи ние бевме тие кои кога и беше нејзе најпотребно бевме во првите редови. И дадовме се од себе и ќе даваме и понатаму се од себе. И ќе работиме за нејзе. Затоа што нашата мисија нашиот сон за Македонија е велик. Но колку е тој повелик толку таа наша мисија е потешка ќе има многу предизвици многу искушенија на тој пат но јас овде гледам луѓе кои што се храбри и луѓе кои што се мотивирани и подготвени да го одат тој пат. Да го одат тој пат и да победат во таа битка во зачувување на нашиот сон за Македонија.
Сите тие што ќе ви велат дека е невозможно сите тие кои што ќе се обидат да ве обесхрабрат да ве демотивираат нека ви бидат дополнителна инспирација и мотивација дека сте на вистинскиот пат. Застанете цврсто на нозе и продолжете да се борите. Нема цена образот и достоинството. Ние не сме тука ниту за жолтици ниту за дворци. Ние сме тука само со една цел добар збор не прави посреќни од било кога нас ни е важна приказната за Македонија да биде успешна. Нас ни е важно судбините на нашите сограѓани да бидат извесни а нашите сограѓани среќни. Нас ни е важно зборот што ќе го дадеме зборот и да го сочуваме. Нас ни е важно да вратиме што е можно повеќе сограѓани дома затоа што дома тежи каменот не надвор. Да си ги вратиме дома луѓето што си избегаа од овде затоа што бараа подобар живот. Тоа е нашата мисија толку ли е тоа многу што бараме? Затоа ве молам помогнете ни да го исонуваме сонот за Македонија да стане јаве. Затоа што ако се заборави сонот за Македонија тој никогаш нема повторно да стане јаве. Од вас зависи од никој друг. Колку и да ви велат дека од друг зависи ве лажат. Од вас овде и тие што се дома!