Христијан МИЦКОСКИ
Додека Власта се обидува да ја локализира одговорноста само на двајца, тројца обвинети за Рекет, иако сите показатели говорат дека инспираторот седи нечепнат на Илинденска, додека бројчаникот во аферата Кеш вртоглаво расте, исто како криминалот во државава, и во исчекување на некој нов “успешно спречен хибриден напад” кон Владата (што ќе се забележи во некој нов пранк), Заев е добро да одговори од што се плаши и зошто молчи за предлозите:
– Заев да одговори од што се плаши и зошто молчи за предлозите:
1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;
2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;
3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавна функција;
4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика, потенцира тој и додава:
„И дали ова се причините за молк:
1. Затоа што Заев веќе еднаш беше амнестиран за случајот Глобал во 2008та година;
2. Затоа што Заев готви терен за некоја идна амнестија поради очигледни сомневања за прекршени закони;
3. Затоа што се нема правно покритие за вртоглаво зголемениот имот, и раст на бизнис империјата;
4. И затоа што Заев знае дека ќе загуби на изборите и нема да ја формира новата влада, а сламката за спас му е пратеничкиот имунитет;
Јавноста очекува одговори“.