Жалам што некои политичари сѐ уште мислат на поделби, а не на обединување. Сакам да нагласам дека ние сме подготвени да градиме добрососедски односи, но тоа мора да биде двонасочна улица. Заврши времето на политичари кои ја виткаат кичмата и го ограбуваат народот. Спремни сме за добрососедски односи без пречки, но повторно, тоа мора да биде двонасочна улица – објави премиерот Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница.

Ова Мицкоски го изјавува во интервју за МТВ од Њујорк на тема НАТО самитот и останати политички одлуки и актуелни теми за државата.