Почитувани сограѓани,
Во деновите кога ќе се обидат невистината да ви ја прикажат како вистина, а капитулацијата како победа, во деновите кога масовно ќе бидат злоупотребени вашите пари кои што се слеваат во државниот буџет, одговорите на реалните теми ќе останат во втор план. Но, затоа ВМРО-ДПМНЕ како државотворна парија е тука да ја потсети владата за сите неуспешни ветувања кои ги даваа во минатото.
Ветуваа живот, добивме сиромаштија, сега ветуваат иднина, а добиваме хаос и афери, криминали и упропастена економија.
Нема ден да нема нова афера, а покрај капитулантскиот договор се нижат неуспесите на владата во сите други полиња.
Земјоделието е во надолна линија. Земјоделците се на работа на егзистенцијата.
Јас за разлика од владата ќе зборувам преку бројки кои се чисти факти.
Според податоците на Државниот завод за статистика во второто тромесечје од 2018 година откупот и продажбата на земјоделските производи се намалени за 4.4% во однос на истиот период од претходната година. Ова значи дека земјоделците бележат загуби и не може да си го продадат своето сопствено производство.
Цените на тековно потрошени средства во земјоделството во јули се пораснати за 9.6%, што значи дека заработката е се помала за земјоделците. Растот на трошоците од 8.0% се бележи и во месец јуни. Откупот и продажбата опаѓаат, а трошоците растат.
И кога сме кај бројките еве ги конкретните податоци за увозот и извозот за едни од најзначајни македонски производи за 2018 година заклучно со месец јули:
Имено, во 2018 та имаме увоз од 6.000 тони бостан, додека извоз е 2500 тони, како компарација во 2016 година се извезло 11.000 тони бостан. Значи скоро два и пол пати поголем увоз отколку извоз.
Имаме увоз на 6.500 тони домати. Македонија со толку производство увезува скоро половина од извезената количина со што производството на домашниот домат се става во подредена положба.
Катастрофален беше откупот за зелката, краставицата, пиперката, пченицата. Обештетувањето од мразевите и зимското невреме е само 10%, додека штетите се огромни.
Состојбата со производителите на сливи е очајна, 20 илјади тони слива стои неискористена, а владата нема слух за нивните проблеми.
Паралелно на тоа ја нема ниту зелената нафтата која ја ветуваа, ниту е намалено ДДВ – то за сточна храна, а се забележува и намалување, кратење на субвенциите во неколку земјоделски гранки.
Овие податоци се сериозен пораз за владата.
Земјоделците се фрлени на колена и оставени сами на себе и тоа мора да се смени. Се работи за непочит на трудот на илјадници семејства кои се прехрануваат од земјоделието, се работи за незнаење, неспособност и немање на план.
Оваа влада нема да донесе ништо добро и затоа мора да замине. Земјоделците заслужуваат повеќе, Македонија заслужува повеќе и Македонија ќе победи!