Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот „Слободен печат“ изјави дека за неколку месец од сега ќе завршат понижувањата, омаловажувањата од страна на Заев и СДСМ врз граѓаните.

Историски тежок, пеколен за нашите сограѓани, за нашата држава е темниот пат кој што претпоставувам на неколку месеци од сега ќе се заврши, а тоа е патот кон интеграција во НАТО Алијансата, со многу откажувања, со многу омаловажувања, понижувања, со трета година Зоран Заев и СДСМ. Навистина тежок, вели Мицкоски.

Тој потенцира дека како партија има план и стратегија сè со цел брза интеграција на Република Македонија во европското семејство.

Но, оној другиот ќе биде уште потежок затоа што ќе има многу предизвици до конечната цел, а таа е полноправно членство на нашата држава во рамките на ЕУ. Но, подготвени сме и не треба да се обесхрабруваат граѓаните, сите оние што мислат дека Македонија не може да успее, тие се жртви на пропагандата на СДСМ и Зоран Заев и јас ги уверувам дека имаме план имаме стратегија, знаеме како и ќе се обврземе пред граѓаните да ја ставиме државата на брза лента и таа да биде еден ден дел од европското семејство, појасни Мицкоски.