МИЦКОСКИ: Зошто Заев се плаши од закон со кој ќе се забрани амнестија на носители на јавна функција?

/ 03.12.2019

Молк од кабинетот на премиерот Зоран Заев и неговата матична партија СДСМ откако Христијан Мицкоски отворено побара од него и власта да се согласат и да се овозможат законски измени со кои политичари кои биле амнестирани нема да може да се занимаваат со политика, и да не може да се амнестираат луѓе кои обавувале јавна функција и имале политичка позиција, а кои се огрешиле со законот.

-Само ќе нагласам дека Заев кого вчера го видовме на снимено видео обраќање од кое чувме како се колне во правдата, и со оглед на тоа колку ревносно ја креваа измамата со амнестијата изминатите денови, денес наспроти сето ова ќе констатирам дека има молк и се уште ги немаат прифатено овие наши барања. Сето ова укажува дека амнестијата како пракса станува посакувана опција за веќе еднаш амнестираниот Заев и неговите луѓе, потенцираше вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски пак завчера предложи да биде забранета амнестијата за политичарите.

-Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија. Очекувам ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и Заев, наместо со замки и удбашки методи да прифатат принципи и вредности. Македонија не верува во амнестии, Македонија верува во правда и принципи. Мора да создадеме систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот, порача тој.

Другото негово барање е да се направат законски измени со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.

-Темата со амнестијата личи на местенка од власта, наметната со типично удбашки методи. Ова тука не е политика, туку валкана игра на шака криминалци, и разно разни провладини организации кои свесно или несвесно се налепија на оваа измама. И секој кој има дилеми нека се запраша една едноставна работа, како е можно Уставниот суд да не изгласа и расправа за ниту една иницијатива поврзана со СЈО, или како е можно цели три години оваа инцијатива да се држи во фиока, а токму сега на неколку месеци пред избори, во време кога власта е жива фатена во скандали и криминалии сето ова да стане тема во јавноста и да се стави на дневен ред. Јас ја знам вистината, а тоа е стравот на Заев од пораз на изборите и соочување со одговорноста. Заев и СДСМ ја наметнуваат темата за Уставен суд, затоа што прават подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта која треба да се испорача од Пендаровски, а кои се плашат од одговорноста за аферите сега, како и еден вид задоцнета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци. Но треба да знаат сите до еден од власта, оние вмешани во Рекет 1, 2 па и во наредните продолженија, аферата „Кеш“, оние во криминалните тендери и афери, и сите оние кои сега или порано се огрешиле спрема законот дека јас аболиција не поддржувам и компромиси со правдата не правам. Темата со Уставниот суд покажува дека мора да има механизми за заштита од злоупотреба на амнестијата како алатка. Бидејќи јас не може да зборувам за принципи во политиката, а кога ќе станува збор за правдата да виткам кичма како Заев, тоа од мене не треба никој да го очекува, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


Од истата категорија