Ни рекоа дека во овој момент не можеме да влеземе во Бугарија и да отидеме кон Грција, изјавил еден сириски мигрнт за турската телевизија Ен-Те-Ве, а пренесува бугарскиот „24 часа“.

Бугарските медиуми јавуваат дека на границата меѓу Бугарија и Турција е мирно. Но, истовремено преенсуваат и дека многу бегалци кои се наоѓале во Истанбул и Ексишехир, град кој се наоѓа во централна Турција, се упатиле кон границите.

Наездата е таква, велат бугарските медиуми, што многумина мигранти, посебно жените и децата, изнајмувале мини автобусуи. Од каде пари за такво нешто не е сосема јасно, но од друга страна сосема е јасно дека неколку стотини илјади мигранти ќе стигнат до границата со Грција.

Триесетгодишниот Иранец, Решат Салихи кој две години живее во Ексишехир, изјавил дека дошол на авотбуската стаица за да купи билет за Истанбул, оттаму за Одрин, од каде сака да влезе во Грција.

Според него, главниот бран мигранти се уште не е тргнат, бидејќи многумина по камповите имале работи што сакаат да ги продадат, па дури тогаш да тргнат на пат.

Во меѓувреме, светските куќи веќе се стационирани на копнената граница меѓу Турција и Грција каде можат да забележат стотици мигранти.