Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе одржи телефонска конференција со лидерите на Германија, Франција и Велика Британија за проблемите меѓу Турција и ЕУ.
Десетици илјади мигранти се обидоа да влезат во Грција, што е членка на ЕУ, откако Турција соопшти дека нема да ги спречи мигрантите да влегуваат во Унијата, што е дел од договорот со Брисел во 2016 година, во замена за помош од ЕУ.
Грција користеше солзавци и водени топови против мигрантите, а двете земји испратија безбедносни сили на границата.
Анкара ги обвини грчките сили дека нападнале четири мигранти на границата, но Атина остро ги негираше тврдењата.
Планиранта средба на Ердоган со лидерите требаше да се одржи во Истанбул, но поради ширење на коронавирусот разговорот ќе се одвива телефонски.