Караванот мигранти од централна Америка ја проби синоќа оградата на границата со Гватемала и тргна кон мексиканска територија, соопштија мексикански официјални лица.
Откако преминале на мексиканска страна на мост, мигрантите се доближиле до одред полиција и 50-на однив почнале да ги трукаат назад кон Гватемала пред да употребат солзавец.
Преминот е повторно затворен и претставници на федералната полиција побараа од мигрантите „да престанат со агресијата“. Мигрантите носеа знамиња на Хондурас и на границата со Мексико пристигнаа во раните утронски часови барајќи од пограничните власти да ги пуштат.