Тони МИХАЈЛОВСКИ
„Почитувана,
не би сакал да ме разберете погрешно, но погрешно е веќе самото тоа што Вие нас не плашите од ревизија на срамниот и пред се нечовечниот договор со соседната ни држава Грција. Па тоа ќе биде нашата борба во следниве години. Тоа ќе биде борба на сите оние што не се согласуваме со насилното и подмолно менување на името. Борбата на Патриотите. Оние што си ја сакаат својата Патрида, стар македонски збор за Татковина. Борба со која ќе си го вратиме и номенот и оменот, затоа што …..“Nōmen atque ōmen quantīvīs iam est pretī” “The name and the omen are worth any price”. И таа борба ни беше наметната против наша воља. Сте ги погледнале се надевам извештаите за резултатите од референдумот. Недоволно излезени. Сте го прочитале се надевам и прашањето и сте заклучиле дека беше направено спротивно на сите законски обврски и правни норми кога се работи за референдумско прашање. Во најмала рака беше безобразен ултиматум кој мојот горд народ го отфрли, што пак мене ме прави горд. Исто како што и вашиот народ Вас би ве направил горда ако некој добар сосед посака да му го смени името.
Затоа јас ве повикувам почитувана, наместо да не плашите, да ни се придружите во оваа борба за Слобода и човекови права, затоа што тоа е во духот пред се на вашиот народ и одлика на вашата земја. Ако навистина стоите зад демократските принципи ќе ни се придружите и ќе ни помогнеме да си го вратиме она што на сила ни беше земено. Името Македонија.“
Реакцијата на Михајловски доаѓа по изјавата на американската амбасадорка Брнс дека не може да има ревизија на „Преспанскиот договор“ и дека опозицијата треба да престане со изјави во таа насока.