Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и екс-премиерот на Република Македонија, Никола Груевски беа ставени на црната листа на САД.
Мијалков ја прокоментира одлуката преку неговиот ФБ профил.
„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна.
Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.
Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.
Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, напиша Мијалков.