Светски познатиот грчки композитор Микис Теодоракис се наоѓа в болница откако во петокот доживеал потежок срцев удар, објавија негови блиски пријатели.
Тие велат дека композиторот бил префрлен во болница во Атина откако „претрпел сериозен срцев удар во петокот“.
Теодоракис имал болки во градите и висока тахикардија и во таква состојба бил префрлен во болница, објави Ефимерида, пренесувајќи вест на агенцијата АМНА. Тој се наоѓа на одделот за интензивна нега.
Лекарите велат дека големите ризици сега се поминати. Но, тие се претпазлливи земајќи ја предвид возраста на Теодоракис, има 93 години, но, сепак, се оптимисти дека тој ќе преживе.
Теодоракис светска слава постигна со музиката за филмот Гркот Зорба и за серијалот Серпико.