Научници од Саутемптон ја проверувале една од можните верзии за исчезнување на бродови во Бермудскиот триаголник. Тие се занимавале со фененоменот на „бранови кои талкаат“ и своите откритија ги внеле во документарниот филм „Тајната на Бермудскиот триаголник“.

Самиот триаголник го сочинуваат истурениот дел на Флорида, Бермудските острови и Порторико, а во него исчезнале повеќе бродови и авиони, па се смета за една од најмистериозните точки на планетата.

Како виновници за исчезнувањето на бродови во минатите децении се споменувани: моќни ерупции на метан (ја смалуваат густината на водата до степен што бродовите едноставно потонуваат), инфразвуци кои наводно произведуваат бранови и кои можат на посадата да и го „одземат умот“, како во приказниате за морските сирени, брзи и моќни морски струи и „бранови кои лутаат“.

Укажувано е дека станува збор за поединечни бранови кои можат да достигнат големина од 20-30 метри височина, а некои бродови не можат да го издржат нивниот удар.

Во Саутемптон направиле комјутерска симулација на „ѓаволскиот триаголник“, „бранот убиец“ и на брод кој бил наречен Киклоп. Симулацијата покажала дека бродот не го издржал ударот и потонал за две минути.

Со истражувањето раководел Сајмон Босал кој е убеден дека нешто слично се случувало и со сите други бродови кои исчезнале.

Симулираниот брод Киклоп всушност е копија на американскиот брод Киклоп долг 180 метри кој во 1918 година испловил од Бразил за САД. Никогаш не стигнал на целта. Носел 10.000 тони руда и 300 патници. Никогаш не се најдени остатоци ниту од бродот ниту од луѓето на него.

Се рзбира, ова објаснување за бранови што талкаат не ја решава мистеријата со исчезнатите авиони, па оттука не може да се смета дека се што се случувало на тој простор е разрешено.