Поранешниот почесен конзул на Република Македонија во САД, Џејсон Мико, остро реагира на реперите и објаснувањата на министерката Радмила Шекеринска за нејзиното фотографирање пред знамето и симболите на УЧК.
– Шекеринска вели дека 2001-ва е „далеку зад нас“. Кажете им го тоа на семејствата на: убиените 15 македонски полицајци, 150 повредени; убиените 43 македонски припадници на Армијата, 119 повредени; убиените 10 цивили, 75 повредени; нападнатите и малтретирани 20 цивили, исчезнати 20 и на стотици илјади Македонци негативно погодени од ова, објави Мико на својот профил на Фејсбук.