Избори мора да има час поскоро, објави бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Време е, додава Заев, нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието.

– Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со КОВИД-19. Носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржаа координативни состаноци, делеа маски и разговараа со локалното население. Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје, порача Заев.