Раководството на Милан има намера да го разреши Џенаро Гатузо од функцијата главен тренер на крајот на сезоната.
Според „Кориере дело спорт“ „росонерите“ ќе го поканат предводникот на Монако Леонардо Жардим да го наследи Гатузо на тренерската позиција.
За потсетување, 44-годишниот Жардим го води Монако од 2014 година. Под негово водство, кулбот од Кнежеството го освои првенството на Франција во сезоната 2016/17. Во октомври 2018 година, Португалецот беше разрешен од функцијата како главен тренер, но во јануари 2019 година тој беше вратен назад. Неговиот договор со Монако важи до летото 2021 година.
Милан во пресрет на утрешното последно коло од Серија А се наоѓа на петтата позиција на табелата со 65 бода.