Францускиот шампион ПСЖ синоќа претрпе длабок пораз од Реимс, а најголем виновник за таквиот резултат е голманот на „принцевите“ Џанлујџи Буфон.

Италијанската голманска легенда, дури трипати ја извади топката од својата мрежа. Првиот гол го прими меѓу нозе, на вториот реагираше лошо, а вината му се препишува и за третиот гол поради лоша проценка и излегување до половината на теренот оставајќи го голот на парижаните празен.

Џиџи неодамна изјави дека ПСЖ му понудиле продолжување на соработката, и дека би сакал да остане во Париз, без разлика на тоа што освоиле само еден трофеј. Сепак, по синоќешниот дебакл, на 41 годишниот Италијанец сериозно му е разнишано местото во „Паркот на принцевите“.