Одбранбениот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Годин е нов играч на Интер.
Италијанскиот клуб преку Твитер ја објави веста за новото засилување.
Годин ја заврши соработката со Атлетико откако неговиот договор истече по завршувањето на сезоната 2018/19 и тој во Милано доаѓа како слободен агент.
Триесет и тригодишниот Уругваец минатата сезона одигра 39 натпревари за Атлетико, постигна четири гола и забележа три асистенции.