Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во заедничката изјава со својот бугарски колега Румен Радев во понеделникот изјави дека е дрска навреда кон земји како Црна Гора и Македонија да се каже дека Украина е најблиску до членство во ЕУ и рече дека спорот меѓу Софија и Македонија е нивно внатрешно прашање.

„Ми се чини сè поверојатно дека овој цинизам и дрскост на одредени европски структури е незапирлив. Овие луѓе се чини дека се опседнати со Украина и како тоа да е нивниот начин да останат на власт. Украина е земја во војна без јасно дефинирана територија, која не е во можност да се финансира сама. Да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или Македонија е дрска навреда кон овие земји. Тоа е неправедно и нехумано, ние ја уништуваме таа земја“, рече Милановиќ.

Радев смета дека „не би бил добар сигнал за земјите од Западен Балкан ако на Украина ѝ се даде приоритет поради геополитички околности, без да се исполнат критериумите и реформите потребни за членство“.

Тој го мисли истото и за Македонија и негира дека Софија го блокира влезот на Скопје во блокот, иако, истото се гледа од Марс.