Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, во своето обраќање на Преспа форумот истакна дека НАТО и ЕУ, како меѓународни организации што се основани на споделени вредности, потребно е да покажат солидарност со регионот. Милановиќ, меѓу другото, изнесе серија критики за Европската Унија и за европските институции поради одолжувањето на интеграцијата на Западен Балкан, дури смета дека тешко може да се каже оти тие се демократски.
– Тој процес на евроинтеграција премногу се одолжи, тоа е понижувачки долг процес, процес што никој кој има добри и чесни намери не може да го објасни. Тоа е еден грозоморен процес што им го наметнавме. Треба да застанеме малку, да размислиме и за нивото на кое се наоѓа демократијата во ЕУ – порача Милановиќ.
Според него, демократски и просперитетен Западен Балкан е можен доколку регионот целосно стане дел од ЕУ.