Миле Јанакиевски во домашен притвор

/ 09.08.2019

Поранешниот министер за транспорт и врски од владата на Груевски, Миле Јанакиевски, е пуштен во домашен притвор.

Апелациониот суд во Скопје вчера на јавна седница ја разгледувал жалбата на одбраната на екс-министерот и одлучил мерката притвор да се замени со куќен притвор.

За потсетување, Јанакиевски беше приведен на 29. јуни заедно со седум други лица за случајот “Шпански скали”. Долго штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот. Беше однесен и во болница.

Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за таканаречените „Шпански скали“ проект кој требаше да биде дел од Скопје 2014.


Од истата категорија