Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски со свое видување во пресрет на собирот на репрезентацијата за квалификациските натпревари во септември за пласман на Светското првенство.
– Сите го сакаме најдоброто и ќе се обидеме така и да изгледаме на натпреварите кои следуваат. Го познавам тимот, знам дека имаме амбициозни и талентирани фудбалери, но и играчи со квалитет и искуство кои се уште се гладни за нов, голем резултат. Освен тоа, имаме неколкумина репрезентативци кои влегуваат во најдобрите фудбалски години од своите кариери, а нивниот пристап ми говори дека македонската репрезентација ќе биде во одлични раце по повлекувањето на неколкумина фудбалери. Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и подготвени за тоа. Стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни, изјави Милевски.
„Црвено-жолтите“ ќе одиграат три натпревари. На 2 септември ја пречекуваат Ерменија, на 5 септември гостуваат во Исланд, а на 9 септември на домашен терен ќе играат со Романија.