Селекторот на фудбалската репрезентација Благоја Милевски по натпреварот со Фарски Острови рече:
„Не може да бидам задоволен од резултатот, но противникот е незгоден. Не можеме да се пожалиме на временските услови за игра. Првиот натпревар е секогаш тежок, можеби и најтежок во оваа група. За два дена ни следи Ерменија и најбитна ни е крајната цел, а тоа е првото место во групата.
Не сум задоволен од првото полувреме, не можам да бидам задоволен и од дебитантите, Митровски и Иљазовски и затоа ги заменив на полувреме. Од реакцијата во вториот дел сум позадоволен. Ме загрижува тоа што денес не видов доволна емоција кај одредени фудбалери. Со таква емоција не може да се игра за Македонија. Потенцирав дека дуел играта на домашните фудбалери е силна страна, можете да ги превенирате, но не и да ги предвидите. Кога не реализирате такви шанси како нашите попладнево, што би коментирал. Самите фудбалери повеќе од сите нас сакаа да постигнат погодок.