Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Благоја Милевски после ремито денеска во Разград со Бугарија (1-1) изјави дека Македонија ја надигра Бугарија и како одигра нашата репрезентација го задоволи Милевски, но на крајот сепак еден бод од денешниот меч е премалку.
„Не сум задоволен од резултатот. Мислам дека Македонија беше подобра, одигравме перфектно второ полувреме, а и првото беше ОК. Не можам да не сум задоволен како игравме, но не сум задоволен од резултатот. Го контролиравме мечот во секој дел, посебно во вториот, но во периодот во кој се наоѓаме и фудбалерите не се во најдобра форма, можам да најдам оправдување во завршницата и лошата реализација. Ни се случуваше и во првиот деч, да имаме шанси и не ги реализиравме. Задоволен сум како одигравме“, рече Милевски.