Во последните секунди од натпреварот, кога се чинеше дека натпреварот Бугарија-Македонија ќе заврши 1:1, судијата досуди пенал за домаќините кога една шутирана топка го погоди во лактот, припен до телото, нашиот играч.

Сепак, по ВАР прегледот, судијата ја поништи својата одлука, Бугарите изведоа корнер, а потоа беше отсвирен крај за конечни 1:1 во првиот официјален натпревар на македонската репрезентација со Бугарија.

Бугарите поведоа во 13 минута со гол на Десподов, а Ристовски изедначи на 1:1 во 50 минута. Ние бевме подобар противник во текот на целиот натпревар, но добрата игра не успеавме да ја крунисаме со победа.

На почетокот на натпреварот, беа изведени химните на двете држави, а македонската беше проследена со аплауз од бугарските навивачи. Целата атмосфера на натпреварот и околу него беше во пријателска атмосфера.