Во 50-та минута од натпреварот во Разград против Бугарија, со гол на Ристовски, Македонија го израмни резултатот на 1:1, отако Бугарите поведоа во 13 минута со голот на Десподов.

Неколку минути подоцна Барди имаше шанса, но за жал не постигна гол.

Ние играме подобро и имаме уште 35 минути за втор гол и победа на овој натпревар против послабата Бугарија.