Пишува: Борис МИЉКОВИЌ
„Овие деца денес?
Ха, кога бев мал, летото кога ќе облечев порц, изгледав како да сум активирал нагазна мина на еден метар од мене – целиот во рани. Баба ми ме носеше на шиење само кога немаше да успее да ми ја спои кожата со плунката (нејзина) и прстите. Кога еднаш сакаше да ми го зашие коленото со игла, ми рече „само еден бод“, а јас така истрчав до базенот и не се вратив до стемнување. Ебати шавот ебати.
Ми го скрши малиот прст кога ме тепаше со четка со кречење. И, оној штос кога го кочиш велосипедот „Пони“ со предната нога и ќе ја турнеш пред предната гума. Ако пропуштиш, двајца те земаат ако паднеш на трева, а ако паднеш на бетон – никој не ти приоѓа. Само ги слушаш децата како шепотат нешто додека ти се дереш од болка како магаре.
Понекогаш ми се чинеше дека ќе го фрлиме тој што се дере. Зашто е греота и за да не се замара. Кога одевме во некој овоштарник, секогаш го повикувавме тој што е најглупав и најбавен. Тој, кутриот, беше многу среќен што неговите другари дошле да го викнат, а всушност служеше како мамка. Ако некој не брка, да го фатат.
На училиште, се сеќавам, учителката нѐ маваше сите со линеар на дланките и не влечеше за коса. Мислам дека тогаш да отидеше некој во социјално да се пожали, и таму ќе добиеше ќотек.
Насилство меѓу врсниците немаше. Се знаеше редот. Дебелите секогаш беа голмани и секогаш одеа во живиот ѕид во фудбалот. Најсилниот, само тој, ги тепаше другите деца во одделението. Какво насилство, се знаеше редот. И кога се плукавме, никој не реагираше. Но, ако не им кажеш „добро утро“ на комшиите, тогаш сите дома се дерат на тебе дека ги брукаш и за тоа следеше ќотек.
По правило, ручекот секогаш мораше да ти се допадне – инаку, се знае – ќотек. Се навикнуваш и на ракија кога ќе ти ја истурат на крвавите колена. Иако образите ќе ти бидат поцрвенети, бидејќи во меѓувреме ти удриле шлаканица за паѓањето. Велам ракија!!! А ако дедото и комшијата ја испиле – ти следи татковиот „Брион“ за после бричење. Е, тогаш се дереш како да те колат и, за тоа дерење, се разбира, добиваш ќотек.
Нормално, правата на децата се почитуваа. А тие се состоеја од едно основно право – да ги слушаш постарите без прашање. Храброст беше кога ќе им викнеш на баба ти, мајка ти или тетка ти: „Не си одам сега дома“, а тие само со прст покажуваат: „Ќе дојдеш.“ Другите деца тогаш те гледаат како херој кој кога си оди дома како да оди на фронт. После тоа, зборовите „нема да одам дома“, со ќотек стануваат „немој, те молам, нема веќе така да правам“.
Знам само дека и кога ќе се удриш со чекан, прво те тепаат за трошење клинци, а потоа за чеканот, затоа што не си го вратил на место.
И така, ги гледам овие деца денес, не знаат ни да бидат среќни.