Ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија вооружени со пендреци и ножеви.

Настанот се случил на 13 јануари, ден пред провокациите кои во центарот на Скопје ги изнесе бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Предметите им биле одземени, а тие биле спречени да влезот во Македонија, дознава порталот МКД.

– На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го привеле И.Н.Д. (31) од Бугарија. При преглед и контрола на патничкото возило „фолксваген туран“ со бугарска национална ознака кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и метална палка на расклопување. Лицето било предадено во полициската станица во Куманово и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пренесува МКД информација од билтенот на МВР ден подоцна.

Засега нема друга официјална информација за текот на поднесената соодветна пријава пишува порталот.