Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за време на вчерашниот собир во Тетово рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја видел војната само на телевизија.

-Мицкоски не бил во војна во 2001 година, тој војната ја видел само на телевизија!-рече Ахмети.

Со реакција се јави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Тој на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од војната во 2001 облечен во воена униформа и со калашников в раце.

-Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст.
П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика.“, напиша Мицкоски.