Ако (Володимир) Зеленски сака да ја добие војната како Али Ахмети, тогаш треба да го предаде оружјето и да побара амнестија од (Владимир) Путин, објави поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини.

Алузијата се однесува на „командант Али“, кој деновиве на средбите со граѓаните во Тетовско и Гостиварско се фалеше како ја советувал украинската делегација да не се предава и да ја победи Русија.