Имаме злосторства од омраза, навреди од омраза кои се прават секојдневно, а против Христијан Пендиков се прават додека е во болница. На телефон добивал закани и навреди поврзани со тоа затоа што се чувствува Бугарин, изјави за БТВ министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.
Тој додава дека охриѓанецот Пендиков останува во Бугарија бидејќи се смета дека не е безбедно да се врати.
– Кога ќе се добијат гаранции дека ќе биде безбеден, тогаш најверојатно ќе се врати, вели Милков.
Според него, темата за односите со Бугарија е всушност прашање на внатрешна политичка дебата во Македонија.
– Во Бугарија во голема мера постои внатрешен консензус за тоа како треба да ги развиваме односите со нашиот сосед. Во оваа смисла, верувам дека ова прашање не е дел од внатрешната кампања и нема да биде, вклучително и во предизборната кампања. Барем не во никој случај до степен до кој тоа се случува во Македонија, каде едно од најострите прашања на конфронтација меѓу владејачката партија и опозицијата е токму односот со Бугарија, додава Милков.
Тој сепак признал дека во извесна смисла тоа може да се случи и кај нив.
– Признавам дека не може целосно да се отфрли до детали како точно треба да се градат нашите односи со РСМ, но главно имаме консензус и во овој консензус е нашата сила, смета бугарскиот министер.