Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Македонија, Николај Милков и Бујар Османи, го посетија тепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков во болницата во Софија.
– Ние кажуваме НЕ за заживување на овие црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија – на палење, пукање, насилство врз луѓе. Вакви работи немаат место во Европа. Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на нашата заедница, кои се луѓе со достоинство. Има ескалација Христијан во моментов продолжува да добива закани на интернет, што се грди зборови, изјави шефот на бугарската дипломатија.
Милков натаму додаде:
– Христијан Пендиков настрада поради своите идеи. Човек со кауза. Ситуацијата не смее да продолжи на овој начин. Бугарија цврсто инсистира сторителите на овој чин и други слични дела да бидат казнети со сета строгост на законот со цел да се заврши со атмосферата на неказнивост, која раѓа ново и ново насилство, додаде Милков.
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи остро го осуди нападот.
– Македонија ќе обезбеди нулта толеранција за насилство, рече Османи.
Според него, мора да се прекинат провокациите и насилството од двете страни.