Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер, покажа смисла за хумор по последниот натпревар на тимот.
Тимот од Мерсисајд забележа инфарктна победа во последните минути од натпреварот од 11-тото коло против Астон Вила со 2-1. Екипата на Јирген Клоп губеше 0-1 во 87-та минута, давајќи му повод на Милнер да се пошегува на својот Твитер-профил.
„Предупредување! Ако страдате од анксиозност или проблеми со срцето, не е препорачливо да го поддржувате Ливерпул“, напиша Милнер на социјалната мрежа.