Дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос е многу близу до нов договор со тимот, пренесува „Ле10Спортс“.

Договорот на „кариоката“ со тимот во моментов е до летото 2022 година, но тој се претставува исклучително добро со екипата на „принцовите“ и раководството сака да го продолжи, а веќе има разговори меѓу двете страни и тие одат позитивно.

Дваесет и пет-годишниот играч се приклучи на тимот од Рома во 2015 година.

Тој веќе има неколку титули со францускиот тим од кога му се придружи и генерално е еден од најпостојаните играчи.