Овие избори ги сојузија едни од најголемите манипуланти и штетници во Македонија против ВМРО-ДПМНЕ во две не толку видливи но сепак проѕирни коалиции, коишто имаат за цел да зашитат два бизнис интереси. Првата коалиција е коалицијата помеѓу ДУИ и Левица. Левица извади свои прокси кандидати во Струга и во Тетово, се со цел за да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие две општини. Тоа е истата онаа Левица и истиот Апасиев, кои го помагаа СЈО за дебели хонорари, посочува Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Апасиев нема кандидат во Штип, каде што има пратеник Крмов, затоа што знае дека ќе изгуби. Апасиев нема кандидат во родниот Велес, затоа што знае дека ќе биде поразен, но во Струга и во Тетово, каде што на сите им е јасно дека немаат ниту теоретски шанси, Левица има кандидати за градоначалници коишто треба да служат како гума за спасување на кандидатите на Али Ахмети. Пратеничката Јована Мојсоска имала средба со висок претставник на коалицијата на Ахмети, неколку дена пред да ја поднесе својата кандидатура за Струга. Но еднаш дека им помагал и им делел хонорари спомна токму претходниот премиер Заев, којшто кажа дека имале заедничка цел да работат против ВМРО-ДПМНЕ, на парламентраните избори коишто Заев ги изгуби. И оваа коалиција е коалиција за заштита на бизнисите на ДУИ. А Левица повторно е тука за нечии туѓи интереси, за некоја позиција, и за одреден паушал, рече тој.

Милошоски оценува дека втората коалиција е коалицијата помеѓу Венко Филипче и Стевчо Јакимовски, за којшто потсети дека се наоѓа на црната листа на САД.

-Оваа коалиција ја прави лично Зоран Заев во име на Венко Филипче, бидејќи Зоран Заев и Стевчо Јакимовски се стари другари од едни претходни локални избори, имаат добро разработена шема со градежната мафија и со доделувањето на маркици во општина Карпош. Во оваа коалиција гледаме дека кандидатката на СДСМ е кандидирана само ради реда, не се ни појавува на одредени митинзи, не се ни појавува ниту во јавност. Кандидатката на СДСМ е буквално пуштена низ вода, да фигурира на гласачкото ливче, но насоката на Заев преку Венко Филипче е членовите и симпатизерите на СДСМ во општина Карпош, да гласаат за Стевчо Јакимовски, при што ниту на Заев ниту на Венко Филипче не им пречи што Стевчо Јакимовски има првостепена осуда, ниту им пречи што е на црната листа на САД. Имаат разработено шема на маркици, коишто Јакимовски ги дели, поддршката од одредени актери од урбаната мафија сметаат дека ќе им биде од корист и Стевчо Јакимовски се разбира го има усовршено методот на бетонизација за профит и тоа го спојува со Заев и Филипче, она што претходно долго време го правеа на ниво на општина Струмица. Планот е во иднина Карпош да му послужи и на Заев и на Филипче, но исто така и на Стевчо Јакимовски, да биде базата од каде што ќе се финансираат овие поединци, групи и нивните политички опции, преку коишто треба во иднина да делуваат. Затоа проѕирна е коалицијата на Заев, Јакимовски и Венко Филипче, бидејќи маркиците за градба, тендерите, корупцијата им се побитни од владеењето на правото, и почитувањето на црната листа на САД, иако зборуваат за евроатлантски интеграции и стратешко партнерство со Америка. Во секој случај, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има доволно силен потенцијал, граѓаните на Карпош се свесни и зрели и сметам дека овие политичари особено оние коишто се на црната листа, а и Зоран Заев којшто се обидува во Карпош да наметне и да определи кој ќе биде градоначалник ќе ги испратиме во политичка пензија, посочи тој.