Антонио МИЛОШОСКИ
Бирократите од Брисел пред само 5 години пишуваа стратегија во која Србија и Црна Гора требаше во 2023 да ги завршат преговорите и во 2025 да бидат полноправни членки на ЕУ. Денес оваа стратегија е само уште една стара хартија со големи и нереализирани ветувања. Најголем доказ за тоа е тактичкото 11 годишно влечкање на преговорите со Србија и Црна Гора од страна на ЕУ, кои со ова темпо на преговори тешко да станат полноправни членки во следниве 10 години.
-Стратегијата на Европската комисија проектираше дека Албанија и Македонија (доколку се реши грчкиот спор) ќе ги започнат преговорите во 2019. Наместо тоа ние 2019 добивме “гратис” вето од официјален Париз, од каде сега и јавно се промовира новиот концепт за “ЕУ со повеќе брзини”. Во меѓувреме од Исток добивме нови “добрососедски предизвици”, кои изобилуваат со уцени и притисоци, наместо со европски стандарди.
– Исто 2019 беше предвидена како година кога Косово ќе направи суштински исчекор кон ЕУ. Ништо од тоа до ден денес. Косово е под санкции.
-До крајот на 2019 стратезите од официјален Брисел зацртаа и кандидатски статус за Босна и Херцеговина. Наместо тоа, БиХ доби нов странски намесник и засилени старо-нови внатрешни турбуленции.
– Овие големи стратегии и ветувања, освен на хартија, ни беа уверливо повторувани од тогашните челници во ЕУ: Доналд Туск (Претседател на Советот на ЕУ), Жан Клод Јункер (Претседател на ЕК), Фредерика Могерини (Висок претставник за надворешна политика) и Јоханес Хан (комесар за проширување). Денес секој од нив си има свои приоритети, нови задачи, нови ангажмани, и ретко, можеби и никогаш, овие луѓе не се замараат со големите ветувања кои во нашиот регион станаа големи разочарувања и го срушија кредибилитетот на ЕУ.
-Затоа, денес кога Ковачевски, Бујар и Маричиќ тропаат во барабанот за брзо полноправно ЕУ членство, мнозинството македонски граѓани со право на тоа гледаат со подбив и го сметаат за предизборна пропаганда во која тие очајно се трудат да го искористат урнисаниот кредибилитет на сегашните бриселски бирократи!