Пратеникот во македонското Собрание, Антонијо Милошоски објави на Фејсбук дека Министерството за образование мора да реагира до Универзитетот Американ колеџ каде декан на факултетот за архитектура е член на Извршниот одбор на СДСМ.
– Министерството за образование има обврска да реагира до Универзитетот Американ Колеџ Скопје во врска со деканот на Факултетот за архитектура, кој со членувањето во Извршниот одбор на СДСМ грубо го прекршува Законот за високо образование, објави Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Под објавата стои: Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.