Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денес беше во посета на неколку стопански субјекти во општина Велес. Истакна дека стопанството во градот, за жал како и во цела Македонија е под голем притисок и се соочува со сериозни потешкотии.

-Во Македонија има нови 55.000 невработени и економијата е речиси пред колапс, во Велес 2020 година во јануари имало активни 4.000 невработени лица, за денес бројот на невработени се зголеми на 5.500 и ова зголемување е голем товар за градот, а и намалување на куповната моќ и на стандардот на велешани. Затоа сакаме со стопанствениците да ги предочиме овие проблеми и да предложиме одредени решенија кои што би можеле преку Собранието да им помогнат за подобра работа, рече тој.

Милооски зборуваше за уште една тема, повторно поврзана со стопанството, а тоа е јавниот долг.

-Јавниот долг во Република Македонија достигнува 6 и пол милијарди евра, а тоа се два буџети. Видовме дека во минатата година се потрошија милијарда евра, но ефектот врз стопанството го нема, напротив имаме зголемена невработеност и имаме фирми кои што потешко живеат и работат. Затоа сметаме дека ваквиот начин на работа не е поднослив за државата, и е добар повод од економска гледна точка дополнително со ова нефункционално би рекол мнозинство во Собранието да имаме предвремени парламентарни избори. Дали треба или не треба да има предвремени парламентарни избори најдобро укажуваат гласините, но и по отворените изјави кои ги даваат некои помали коалициони партнери на владејачкото мнозинство кои што состојбите во државата ги опишуваат како корумпирани и криминални. И затоа сметам дека за добробит на државата би било подобро во текот на месец октомври за да биде и поекономично заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори на кои што сигурни сме дека незадоволството од стопанството, од образованието, од земјоделието и од многу други области ќе резултира со смена на оваа власт, која што не покажа капацитет да направи нешто подобро и се занимава со лажни ветувања отколку што прави реални проекти, истакна тој.