Голем дипломатски дебакл доживеаа вчера во Луксембург Заев и Димитров, објави на својот Фејсбук профил пратникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски.
Неговата реакција дојде откако вчера попладне ЕУ одлучи дека е моможно Македонија да добие датум за почеток на преговори идната година, како и дека потребни се неколку услови кои земјата треба да ги исполни.
„Франција, Холандија и Данска не дадоа согласност да има одлука за почеток на преговори на Македонија оваа година. Сметаат дека земјава ги нема исполнето основните предуслови од извештајот на Прибе и планот 3-6-9, особено во однос на владеењето на правото, судството, администрацијата и корупцијата.
Ова е голем дипломатски дебакл на Заев & Димитров. Пораката од Луксембург до Заев и Димитров е дека нивната спремност да си го сменат националното име и Уставот на сопствената држава не е доволно за да ја покријат погрешната политика на владата на СДСМ во клучните сектори за државата. Заклучокот кој е постигнат е условен и необрврзувачки.
П. С.Прибе, владеење на правото
Патлиџан дипломатија = пинџур резултати!, пишува Милошоски во својот Фејсбук статус.