Пратеникот Антонио Милошоски, на синоќешната ноќна и итно закажана седница за расправа за имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, потенцираше дека има политички притисок врз правниот систем во државата.
-Обвинителниот акт и расправата во Собранието, и расправата во судот се политички нарачани процеси, каде што однапред се знае кој ќе биде обвинет, однапред се знае кој и кога ќе биде притворен иако не мора. И однапред се знае кој ќе биде и во кој момент осуден, нагласи Милошоски.
Тој појасни дека политичката одлука е посилна од доказите со кои што обвинителството располагало уште пред една година дена и оценило дека нема основа за обвинителен акт.
-Во меѓувреме веројатно поради политички причини извршен е притисок врз обвинителството да ја смени својата проценка и да покрене обвинителен акт кој што е резултат на политичка наредба. Затоа сметам дека овој случај со господинот Вељаноски не е ниту прв, и според мене нема да биде ниту последен каде што имаме политички нарачани обвиненија, ќе имаме политички нарачани расправи по судови и ќе имаме политички нарачани пресуди, посочи Милошоски.