СДС е прилично уплашена од избори и тоа е повеќе од очигледно, а има и зошто. Сметам дека во нивното портфолио изминатите 6 години немаат големи успеси, напротив имаат сеиозни неуспеси, многу ветувања а големи разочарувања има кај нивните симпатизери и мнозинството граѓани и затоа тие бегаат од избори. Но, дали изборите ќе бидат редовни или предвремени, тие доаѓаат наскоро, ниту една влада не може да избега од избори, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Радио 1 на МРТ.

Милошоски потенцираше дека Маричиќ и Османи наместо да ја позиционираат Македонија подобро на дипломатски, политички и меѓународен план, тие лобираат меѓународни претставници да дојдат во Македонија да ја убедуваат опозицијата.
Кај Бојан Маричиќ и Бујар Османи гледаме дека како министри, за жал трошат премногу ресурси, наместо да ги подобрат позициите на Македонија на дипломатски, политички и меѓународен план, тие лобираат меѓународни претставници да дојдат во Македонија да ја убедуваат опозицијата, што е добро а што не е добро за Македонија, што сметам дека е нерационално трошење на ресурсите и на надлежностите кои што ги имаат.

На прашањето дали ова всушност не е иницијатива на Европа, Милошоски посочи дека според информациите кои што ги добиле од досегашните меѓународни гости и претставници од страна на владата на СДС им било побарано да ја посетат Македонија се со цел да ги убедат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

Ние имаме конкретни информации од досега веќе некои од меѓунарнодните гости кои што не посетија, дека се дојдени на покана на ургенција на актуелната влада која што на прашањето што можеме ние да направиме за вас, за Македонија, и министерот на надворешни и другите претставници го повторувале ставот, па дојдете во Македонија и притискајте ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го сменат нивниот став. За жал тоа ни го кажаа колеги од странство, рече тој.

Милошоски рече дека има информации дека некои пратеници од помалите партии кои се дел од коалицијата на СДС како и двајцат апратеници од пратеничката група на СДС се поколебливи за гласање за уставните измени.

Јас мислам дека има некои од помалите партии пратеници поединци би рекол. Мислам од СДС од она кое што можам вака ние во колуарите да го забележиме е дека има двајцата пратеници кои се чувстуваат нелагодно и се нерешетилни по тоа дали би гласале ЗА или ПРОТИВ ваквите уставни измени, изјави Милошоски.