Доскорешниот пратеник и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5 запраша што барала вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска три пати на вечера кај Бојан Јовановски познат како Боки 13 и за што разговарале тие.
– Овде не се Мерил Стрип и Ричард Гир, овде се Радмила Шекеринска и Бојан Јовановски. Што правела Радмила Шекеринска три пати на вечера кај Бојан Јовановски? За што разговарале тие, за најновите трендови на Прада или на чевлите Лобутин? Сигурно разговарале за 1ТВ за финансирањето за Меѓународен сојуз, вели Милошоски.
Милошоски исто така запраша зошто јатрвата на Радмила Шекеринска беше во сите надзорни одбори на Меѓународен сојуз?