Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен пратеник Антонио Милошоски открива уште една манипулација на јавноста од премиерот Зоран Заев за неговите разговори со „лажниот Порошенко и лажниот Столтенберг“.
– Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање, напиша Милошоски во коментар на Фејсбук.