Антонио МИЛОШОСКИ
– Воден од принципите на кариеризмот, Никола Димитров, пет години ја играше улогата на дипломатска фасада на Владата на СДСМ и ДУИ, за возврат на добиената фотеља, статус и повластици.
Пред странската јавност се трудеше да ги затскрива владините девијации и институционалниот рекет говорејќи за реформите кои никаде не се случија.
Пред домашната јавност упорно манипулираше со најавата на датумот за преговори со ЕУ, кој никогаш не се случи.
-Пред шефот и со шефот беше спремен да се фотографира во сите пози само за да ја задржи позицијата на корисен политички камелеон:
– го сликаше Заев со Трамп и поздравот од две секунди го пласираше како средба;
– се сликаа полуголи на одмор;
– се фотографираа и со сопругите на ранчот во Струмица, возејќи квадрицикли;
– и се разбира, Димитров успеа да има најширока насмевка на легендарната фотографија од авиончето кога заедно со Заев, Бујар и Анѓушев лажеа дека сме го добиле датумот кој се уште го немаме.
-За пет години функција го продаде и достоинството на народот, суверенитетот на Уставот и придавката македонски само со еден потпис, додворувајќи му се на шефот да биде кандидат за претседател на државата.
-СДСМ објави дека во новата Влада нема да има место за овој политички камелеон, со тоа индиректно признавајќи го неуспехот и на Димитров и на целата Влада во дипломатијата и во европските интеграции, без членство во ЕУ, а со многу понижувања и манипулации за народот.
На крајот од празната фраза на Димитров “ќе не’ биде” остана само ЌЕ, а од ветуваното членство во ЕУ останаа само фотографиите во мини Шенген.