Од лично искуство, и со конкретни примери:
Како „шарената револуција“ стана „штавена револуција“? (2)
Писарчето на „Николомини“ ги оцрнува „шарените револуционери“ на Пиколомини!“
Пишува: Блаже МИНЕВСКИ
Во хајката против мене се вклучи и една опскурна личност што би требало да се преведе како „жарче што трае“. Барем додека го измочаат одвисоко. Таа персона на 20 јули 2016 година објави текст со наслов „Пропаганден автогол: Писарчето на „Николомини“ ги оцрнува „Шарените револуционери“ на Пиколомини!“ Дел од текстот на она што треба да се измокри од хуманистички причини, односно за да не ја погани постелата на спиење, вели: „Во пропагандниот напис „Шарените ‘револуционери’ на Пиколомини“, од најнаградуваниот „преродбенички“ писар Блаже Миневски, тој ги нарекува шарените револуционери „легионери на ‘бомбашот’ Пиколомини“ кои сакаат да ѝ наштетат на „очигледната македонска културна ренесанса“. ( Па нели ѝ наштетија, саѓо една пиколоминска! Виде ли што се случи со културата во последниве три години? Земи ги како илустрација само Годишните програми на Министерството за култура .)
За да ја оствари својата пропагандна намера и да ги оцрни „шарените револуционери“, Миневски тврди дека австрискиот генерал Пиколомини го запалил Скопје „за да не им остави ништо на непријателите, односно на населението што живеело во Скопје“. Освен тоа, според писарчето што го велича „Скопје 2014“ на „Николомини“, во музејот на ВМРО е „претставена нашата богата и повеќеслојна историја“, а „Порта Македонија“ не е симбол на независноста, како што беше претставувана од Груевски, туку „симбол на македонските победи во културата, уметноста и спортот“.
Според Блаже Миневски, Археолошкиот музеј – со копијата на саркофагот на Александар Велики од Истанбул – е „потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори“! Има ли поголема „милениумска цивилизациска“ глупост од музеј со копии од други музеи? Има. Тоа се писателчињата полтрони кои пишуваат лажни истории за да му се умилкуваат на диктаторот „Николомини“ кој ги сотре главните белези на пост-земјотресно Скопје како космополитски град на солидарноста“. ( Со плоштадот што личеше на селска јурија, со бетонските грдосии наоколу, со распаднатите фасади на зградите што личеа на касарни, со единствениот пешачки мост на Вардар, со разурнатото Кале, со депонијата пред Македонската опера и балет, со Македонскиот народен театар во барака за педесетгодишна привремена евакуација, со децениски понижувачки однос кон барањата на Македонската филхармонија за свој објект…)
Каде е сега ова помочано суштество да пушти чад иако не гори? Или некој му пикнал нешто нагорено под опашот или се загушил од сопствените амонијачки испарувања. Друго – нема. Не сум прочитал ништо од него а јас како писарче на „Николомини“ и за време на „холокаустот како традиција“, или како сака нека го нарече владеењето на „блескавиот“ ( без „к“ би било ептен соодветно), објавив две нови книги а излегоа и осум преводи на мои романи во странство.
Во меѓувреме, како македонско писарче, продолжив да пишувам и за време на Муртиномини па сега веќе имам два нови романа што ќе ги објавам кога ќе се ослободиме. Патем, во изминативе три години, двете објавени книги, збирката раскази „Во рогот на волот“ и романот „Мрежата на Мамли“, беа поддржани со сума која беше три-четири пати помала од онаа на шарените папагали, шкрабатори и камелеони. Претпоставувам дека и тој, како и голем дел од останатите трабанти во меѓувреме станаа штавени фолиранти! А штавена кожа уста нема! Може од неа да се направи футрола за мантрак или, евентуално, клапна за подопашен штитник за лица со свиткана кичма!
Во општата хистерија по мојот текст за шарената револуција како платеничко-хулиганска акција против Македонија, и сѐ што е македонско во неа, се приклучи и една заведена личност за која дотогаш имав пристојно мислење. Таа напиша текст во кој реторички се праша што се случува со мене, додавајќи дека станува збор за „чуден и необјаснив случај на Блаже Миневски“. За авторката јас сум бил чуден и необјаснив случај затоа што уште тогаш знаев какви антимакедонски копитари се водачите на шарените револуционери. А чуден случај бев затоа што тврдев дека по уништувањето на спомениците, ќе уништуваат книги а потоа и луѓе, и дека за многу кратко време ќе ја разнебитат Македонија, македонскиот национален идентитет, ќе ја продадат историјата, и дека од она што е создавано со векови, ќе направат прав и пепел преку ноќ.
Немаше да бидам никаков чуден случај ако не кажев ништо, ако ги пуштев да поминат низ нас како жигосано крдо гонето од платеници до првата марвена станица. Бидејќи станува збор за подолг текст упатувам да го прочитате сега, четири годни подоцна, за да видите колку авторката не била во право, односно колку таа не знаела што се случува со неа, и каков чуден и необјаснив всушност е нејзиниот случај. Насловот на текстот е : QU’EST-CE QU’UN AUTEUR?: ЧУДНИОТ И НЕОБЈАСНИВ СЛУЧАЈ НА БЛАЖЕ МИНЕВСКИ.
На 22 мај 2016 се јави уште една личност без сенка, која не живее во Македонија но многу сака сите во Македонија да знаат за нејзините „белосветски успеси“, па затоа со вознес на самобендисана величина праќа автосервисни информации оддалеку за да паднат на задник сите во нејзината родна земја од нејзиниот огромен успех во светот. Кога ќе видите дека успеала негде во странство мора да знаете дека во проинцип станува збор за испазарен договор, подоцна или претходно веќе исплатен со жирантска меница во име на македонската книжевност, или жири-преведувачки ангажман, да речеме. Иако со години живее најмалку деветстотини и шеесет клометри подалеку одовде, секој свој таканаречен успех го прикажува како успех на Македонија, иако никој не го бара тоа од неа. Напротив – Македонија баш ја боли уво за нејзините „големи“ достигнувања во светот.
Особено ако за тоа известува самата. Ете таа персона во време кога хулиганите маршираа против Македонија напиша дека „повеќе од две недели очекува(м) Македонскиот ПЕН-центар да се огради од текстот на Блаже Миневски, член на ПЕН-от, насловен како „По спомениците, ‘Шарената револуција’ ќе се сврти кон библиотеките и книгите?!“, објавен во ’Дневник’, текст во кој на невиден полтронски начин кон власта и претседателот ги извитоперува најболните историски настани во човештвото. (Сѐ што напишав тогаш, за жал, се случи – уништија многу споменици, фасади на објекти во кои потрчаа да влезат и влегоа, релјефите на мостовите не можат да исчистат од боја до денес, а стотиците книги од светската и македонската книжевност скапуваат фрлени во подрумите на неколку окупирани институции!) Зар заложбите за демократија и демократизација во секоја смисла не се мисија и на ПЕН-от? Или ПЕН-от чиј член сум и самата е под притисок? Под притисок на оние членови на ПЕН-от кои одат на контрапротести или едноставно на многу, многу други начини го поддржуваат диктаторскиот режим на ВМРО-ДПМНЕ? ( Дали мисли дека режимот на СДСМ е демократски ако за три години обезимената и обезличена земја пропадна за десетици места на сите листи за демократија, слобода на медиуми и ниво на корупција? А таа молчи, се разбира!)
Да, има и такви членови во Македонскиот ПЕН-центар, тоа сите го знаеме. Ама изгледа се во мнозинство штом ПЕН-от молчи. Ако ПЕН-от не е активен во вакви кризни времиња за државата, тогаш кој друг од здруженијата на т.н. интелектуалци? Е затоа протестирам. Во Скопје, Охрид, Љубљана. Во Љубљана особено, затоа што Шарената револуција и на далечина од 1000 км. го покажува своето значење и важност. Особено што и овде има т.н. патриоти кои плукаат врз слободољубивите Македонци или Словенци со македонско потекло.“