Со 32 земји во семејството на НАТО, ќе бидеме уште посилни, а нашите граѓани уште побезбедни, објави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во честитката до пратениците за одобрувањето влез на Шведска и Финска во НАТО.
– Честитки за пратениците кои денеска на пленарната седница во Собранието го изгласаa Законот за ратификација на протоколот за пристапување на Кралството Шведска и Република Финска кон Северноатлантскиот договор. Со овој чин С. Македонија и формално-правно го одобри членството на овие две пријателски земји во НАТО Алијансата. Најмноќното воено-политичко семејството, засновано на сигурност се зголемува и зајакнува, а со тоа и безбедноста на секој наш граѓанин, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Таа денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски беше во Собранието на Република Македонија каде што со 103 гласа „за“ беше одобрено влегувањето на двете скандинавски земји во Алијансата.