Српскиот министер Томислав Момировиќ денеска за телевизијата К1 изјави дека оброк од две јајца за вкупно 22 динари може да ве држи сити цел ден.
„Едно јајце чини 11 динари – внимавајте, 11 динари. И, оброк од две јајца – 22 динари (едно евро е 127 динари). Па, тоа е оброк кој може да го држи човекот сит цел ден“, рече министерот Томислав Момировиќ.
Тој продолжи да набројува производи со ниски цени, како пудинг за 11 динари. Министерот ја промовираше кампањата „Најдобра цена“. Но, откако водителката му рече дека тешко еден човек дека ќе биде сит со две јајца на ден, министерот рече дека е свесен за тоа, но нутритивно овој оброк е добар.
Нема информации дали самиот министер се храни дневно на овој начин и дали истиот рецепт важи и за неговото семејство.
Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ најавуваше дека паризерот ќе поевтини, на што граѓаните се пошегуваа со него и тој со сендвич демонстрираше дека навистина јаде паризер.