Министерот за образование на Данска, Пернил Розенкранц-Тил, уште на 8 декември ја извести јавноста дека политичкото мнозинство во ги следи препораките на Комисијата за епидемии и ги затвора училиштата на 15 декември.
Онлајн настава ќе се одвива последната недела пред Божиќ, после што децатат добиваат подолг одмор.
Попрво ги сакаме децата на училиште, изјавила данската министерка, но состојбата со епидемијата во Данска е таква што проценката на нивната Комисија е дека децата треба извесно време да ја следат наставата онлајн, за да се спречи натамошното ширење на вирусот.
Според сегашните замисли, децатта треба да се вратат на училиште на 5 јануари.
Се разбира, Данска како типично западна земја, ќе настојува да ги вакцинира децата со мНРА вакцините.
„Од страната на Владата сакаме да го одржиме општеството што е можно поотворено“, објасни премиерот Мете Фредериксен на прес-конференцијата. Таа укажува на вакцинацијата како нешто со што може да се избегне повторното сеопфатно затворање во земјата.
„Многу повеќе деца можат да се вакцинираат пред да се вратат на училиште“, вели таа, нагласувајќи дека училиштата се место каде што се заедно многу невакцинирани луѓе.
Директорот на Националниот одбор за здравство, Сорен Бростром, на прес-конференцијата изјавил дека темпото на вакцинација е зголемено и ги охрабрува сите родители што поскоро да ги вакцинираат своите деца.
На прашањето зошто не го затворат училиштата веднаш, тој објаснил дека тајмаутот може да го намали ширењето на инфекцијата, а во исто време да избегнете затворање на училиштата. Краткото затворање околу божиќните празници со повторно започнување на училиштата на 5 јануари е компромис.
Данска во последните денови се соочува со повторно ширење на вирусот. Дневно има по околу 8 000 позитивни и меѓу седум до 10 мртви. Земјата има 5,8 милиони жители. 77 отсто до населението е вакцинирано, главно со Фајзер, но тоа не го спречува ширењето на вирусот, а кога бројот на заразени на дневно ниво би се пресликал на Македонија, би имале по околу 2 000 заразени, наспроти сегашните 300-400 дневно.
За среќа, во Данска смртноста од Ковид 19 е ниска, а земјата има 519 починати на милиони жители, наспроти нашите околу 4 000 починати на милион жители.